28 Април 2024 - 22:50:44

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.12.2014 во 21:53:41

Поднесовме барање за легализација на бесправна доградба на станбен и помошен објект (шупа) кои се добиени по земјотресот. За двата објекти е добиена урбанистичка согласност. За станбениот простор е изработена и заклучница за плаќање од по 61,00 денари од квадратен метар. За помошниот објект (шупа) сме упатени во Град Скопје. Од Градот Скопје е изготвена заклучница за ДЕЛОВЕН објект а не за ПОМОШЕН објект (како што е напишано во урбанистичката согласност) со образложение дека таков допис е добиен од Општина Аеродром. Од Град Скопје е изготвената заклучница за плаќање и е сосема различна од пресметката од општина Аеродром. Имено земени се 30% од вкупната квадратура и помножени се по 100 евра од метар квадратен што сметаме дека е спротивно од пропишаното со Законот за постапување со бесправно изградени објекти каде во членот 20 став 2 е определена висината на надоместокот од 61,00 денари. Објаснето ни е дека Советот на Оптина Аеродром донел одлука за помошните објекти да одлучува Градо Скопје. Ве молам за објаснување за што станува збор и кои се нашите права затоа што се чуствуваме затечено и како да сме измамени. Немаме деловен објект туку помошен објект зошто е сменет називот? Зошто да се плаќа по 100 евра од квадрат на помошен објект? Кои се можностите ова да се поправи, измени, корегира? Ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

11.12.2014 во 13:02:38

Почитувани, бидејќи најверојатно се работи за некоја техничка грешка (деловен-помошен објект), морате да дојдете во Општина Аеродром, и тоа секој понеделник или вторник, од 9 до 11 часот, во Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина и да добиете соодветна информација. Инаку, да, помошните објекти не се наплаќаат по 1 евро за метар2. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by