05 Мај 2024 - 10:13:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

12.12.2014 во 12:19:46

Почитувани, најнапред благодарност за можноста да ви се обратиме на овој начи и како што можам да забележам и на вашата ажурност во одговорите штое за поздравување исто така. Сакам да поставам едно прашање или тема за размислување. Имено, родител сум на две деца кои се згрижени во градинката Буба Мара. Оваа недела две во тек е сликањето со дедо мраз и новогодишните пакетчиња, што секако побудува неизмерна радост кај дечињата. Но, загрижувачки е што за секоја активност значи, за сликање, за посетување балет во рамките на градинката, за материјали, ние посебно, за секое дете, во мојот случај две, уплаќаме на посебна уплатница. Така да се доведуваме за сликање на едно дете во вредност од 150 денари да плаќаме провизија на банката од 50 денари или недај боже да сте депонент на друга банка провизијата достигнува до 70 денари. за две деца треба да платам провизија од 140 денари. И, тоа не би било се доколку се знае, дека по една недела ке се купуваат пакетчиња, посебно за две деца на две уплатници, пак по 50-70 денари провизија од налог. па сметката за месечниот износ за градинка, па посета на балет, материјали и тн. Поентата ми е дека, во овој случај најмногу ги офајдуваме банките со провизиите,а нашите скромни и завидни фамилијарни буџети се осиромашуваат со доплнителни оптоварувања. Предлогот мој, а што е случај со другите градинки, пример Срничка е да се собираат парите а потоа сите заедно да се уплаќаат на една уплатница, што не би оптоварило никого. Разговарам со надлежните во градинката, ни рекоа дека не разбираат и целосно не подржуваат но од општина Аеродром им било посочено дека тоа е единствен и законски пат на работење. како и нивно охрабрување за ваше контактирање и решавање на овие апсурдни давачки-провизии од страна на нас родителите. Апсурдот е дотолку голем што за престава што се одржува во градинкта Буба Мара или кога им се прожектира на децата филм. се земаат пари на рака, 30, 60 или 100 денари, но за другите давачки мора да одиш во банка и да платиш од 50-70 денари провизија за налог за дете. Ве молам најпрво да ме известите дали на правилно место го адресирам проблемот и ве молам да ни излезете во пресрет на нас родителите. Ви Благодарам на вниманието.Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

16.12.2014 во 16:26:17

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за образование, спорт и култура. Од таму Ве известуваат дека доколку се организирате, можете и Вие да плаќате сметките на ист начин како родителите од Срничка, односно да ги давате средствата на еден родител и тој да ги уплаќа на одредена сметка.. Поинаков начин нема, односно мора да се почитуваат законските пропис кои се важечки за РМ. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by