28 Април 2024 - 06:27:18

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

15.12.2014 во 19:18:41

Почитувани, Би сакала да ве запознаам со проблемот околу паркирањето во населбата Мичурин односно ул.Венјамин Мачуковски, за кој се надевам веќе имате размислувано за идејно решение како би се решило со градење на катна гаража како што истото беше направено во Ново Лисиче или во Капиштец... Иако во оваа населба живееме 3 години, и досега и покрај ширењето на населбата се наоѓаше место за паркирање сега со ширењето на булеварот и поставувањето на подземните надградби делот кај средното училиште Димитар Влахов ни е ограничен за паркирање и со тоа се преорентиравме во внатрешноста на улицата за да сега тротоарите кои беа единствено решение се оградуваат и нема можност ниту нив да ги користиме за паркирање... Никој не го оспорува и критикува овој ваш чекор туку напротив примете позитивни зборови за истото бидејќи тука сите ние покрај возачи сме и мајки со колички, а воедно и децата од училиштата до дома и обратно треба да се вратат по сигурни патеки, но сепак сметам дека треба да се смисли и решение за ова бидејќи со дополнително доградување на зградите само се стеснува просторот за паркирање за сите нас и преставува макотрпност секое враќање од работа или од било каде бидејќи минимум 30 мин, бараме паркинг... Се надевам дека оваа порака ќе ве стави на размислување и ќе не информирате дека веќе се превземени чекори за трајно или макар привремено решение за следниот период ... Ви благодарам однапред што ќе најдете време да го прочитате и ќе ми одговорите на моето прашање, Со почит, Сузана Бошковска Златаревска

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

17.12.2014 во 11:11:34

Почитувани, од Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина Ве известуваат дека сите градежни работи на овој потег се изведуваат согласно ДУП. Општината е запозанена со овој проблем и бара решение за негово надминување. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by