08 Мај 2024 - 22:03:19

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.12.2014 во 15:46:40

Почитувани, како жител на населбата Мичурин би сакал да поставам птрашање поврзано со паркирањето во оваа населба. Во изминатите 10-тина години во населбата се изгардени голем број на згради, зголемен е бројот на жители и автомобили, а во однос на паркирањето е превземено многу малку. Жителите на ул. Венијамин мачуковски од број 1А до број 26 секојдневно кружат и се мачат да најдат паркинг место, а проблемот се усложни со поставувањето на заштитни столбчиња на тротоарот. Ве молам да ме информирате дали е предвидено во скора иднина да се гради некој нов паркинг на посочената локација и како е предвидено да се реши проблемот со паркирањето. Дополнителен проблем е што БЕГ го уништи просторот во близина на средното училиште Димитар Влахов кој порано се користеше како паркинг, а и фактот што училиштето Димитар Влахов го заклучува паркингот кој доколку е отклучен може во вечерните часови да го ублажи проблемот. Во очекување на брз одговор, однапред благодарен, Јовица Георгиевски

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.12.2014 во 14:15:58

Почитувани, od Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина Ве известуваат дека во локалитетот Мичурин има планиран јавен паркинг простор, паралелен на бул. Трета македонска бригада, пристапна улица, а сите останати нови згради кои ќе се градат во иднина мораат да имаат обезбедено паркинг простор во парцела. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by