08 Мај 2024 - 12:24:08

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

23.12.2014 во 20:41:49

Се работи за делот на насебата во Н.Лисиче спротивно од ФСМ. Иако живееме тука речиси 25 години, немаме ни асална продавница. Единствено нешто што тука се направи продавницата за алати Униор од која немаме полза. Се отвори пред 20 години и филијала на Стопанска Банка, но од необјаснети разлози се затвори и сега е едно ругло, исто се случи и со Градска Аптека. Се израдувавме на поставување на банкоматот на СТБ Скопје во бензинската пумпа на Макпетрол и отварањето на новиот маркет Рамстор зад бензинската, но имаме проблем да ги користиме; имено, за да дојдеме до нив треба да одиме преку кал и трева и да преминеме улица со 4 ленти а нема во близина пешаќки премин. Кога ќе се премине улицата за да одиме во Рамстор пак треба преку кал или трева или да се поминува низ бензинската пумпа што не е во ред, а не е ниту безбедно да има масовно движење на пешаци низ бензинска пумпа. Предлагам да се направат низ тревниците пешачки патеки од павер елементи, од двете страни на булеварот, така да се поминува поред бензинската , право во Рамстор. Мислам дека и Рамстор можеби ќе помогне . Меѓу патеките на булеварот треба да се одбележи пешачки премин, а да потсетам дека тука порано имаше легнат полицаец. Од друга страна, кај стара последна петка, каде сега има крстосница, може да се тргне едниот пешачки премин ( тој кон бензинската, бидејќи не се користи), а да остане само тој кај автобуската станица.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови пешачки патеки

 
Одговор

24.12.2014 во 16:27:43

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму ја поздравуваат Вашата идеја и Ве известуваат дека во моментов се изработува Планот и Програмата на ова одделение и доколку постои можност, Вашето барање ќе се реализира. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by