08 Мај 2024 - 08:41:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.12.2014 во 00:27:17

Почитувани, по веќе незнам кој пат пријавуваме но како што гледам нема ама баш никаква полза од ова. Според Законот за заштита од бучава, дозволената граница до 23 часот за бучава е 55 децибели, а потоа е 45 децибели. Ако овие закони ги има пропишано некој од власта во кои спаѓате и вие, зошто тогаш кафаната Рулет клуб секој викенд пушта гласна музика вон дозволените граници ? Дали вашите инспектори некогаш имаат измерено ниво на бучава која ја произведува оваа кафана најчесто за викендите но и во работните денови? Ве молам преземете конкретни мерки и решенија за решавање на проблемите кои ги имаат жителите на Мичурин со оваа кафана, а не со одговори кои верувам дека никогаш ги немате реализирано. Благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

29.12.2014 во 14:38:05

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност.Контакт телефон 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by