08 Мај 2024 - 09:46:59

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.12.2014 во 12:56:19

Добар ден, Би сакала да доставам барање за дозвола да спроведам кастинг во основното училиште "Љубен Лапе" во Аеродром. Јас сум ученичка во четврта година во СУГС "Никола Карев" и моментално работам на продукција на независен краткометражен филм. Имам намера со овој филм да аплицирам за студии на универзитетот FAMU во Прага. Потребна ми е отпечатена дозвола од општината за да ја доставам до основното училиште. Кастингот би се спровел на почетокот на февруари и би траел 2-3 дена. Денес имав прилика да разговарам со директорката на училиштето, која ја поддржа мојата иницијатива. Ви благодарам многу. Со почит, Сара Јазаџиска

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

29.12.2014 во 14:26:19

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за образование, спорт и култура. Од таму Ве известуваат дека треба да доставите писмено барање до училиштето, по што ќе добиете соодветен одговор. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by