29 Април 2024 - 20:40:29

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.01.2015 во 21:59:21

Почитувани, Во населбата Лисиче, на самиот крај на улицата која започнува од ресторанот Мирко 919 (пред новоасфалтираниот дел кај Усјенскиот канал) поставени се три легнати препреки на асфалтот (т.н. „легнати полицајци“). Истите очигледно се поставени од граѓаните кои живеат на овој краен дел на улицата, најверојатно поради пребрзо возење и поголема фреквентност, сега кога има асфалтен пат паралелно со каналот. Проблемот е во тоа што тие се сосема нестандардни и надвор од прописите бидејќи скоро е невозможно да се поминат поради аголот и висината. Тоа значително ќе придонесе до оштетување на нашите автомобили, особено ако ги поминувате неколку пати во текот на денот. Ве молам за информација дали општината има издадено дозвола за нивно поставување, и ако има дозвола, зошто тие не се направени согласно одредени стандарди? Поради итноста на проблемот и фактот дека повлекува средства за оштетувањето на автомобилите, Ве молам за брз одговор и соодветно постапување на терен. Со почит, Иван Петрушевски

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

08.01.2015 во 15:35:56

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека можете е да дојдете во просториите на Општина Аеродром, и тоа секој понеделник и вторник од 15 и 30 до 16 и 30 часот, како и секој четврток и петок од 08 и 30 до 09 и 30 часот, како би можеле да добиете соодветна информација. Инаку, дозвола за поставување на легнати полицајци дава администрацијата на Град Скопје, а не Општина Аеродром. Можете да се обратите и до нив. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by