02 Мај 2024 - 16:57:41

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

09.01.2015 во 15:09:56

Живеам во нас. Аеродром и секојдневно од станот до работното место ја користам детската улица (Тоше Проевски). Улицата воопшто не е исчистена од голомразица и се имам лизнато 2-3 пати, за среќа (барем засега) без потешки последици. Гледам Ваши работници (во портокалова облека на општина Аеродром) платени за чистење на улиците, како се птпираат на лопатите и фаќаат кривина во некоја продавница и сл. а пешачките улици и тротоари за кои се надлажни не се пипнати. Дали некој им врши контрпола, а тие гледаат само да им помине работното време па да си одат дома без и една педа да исчистат. Ве молам, јас и останатите граѓани, Општината да преземе мерки и тие луѓе (за кои ние одвојуваме средства) или некој друг кој е задолжен за оваа активност, да се исчистат тротоарите и пешачката улица за да не се случат посеризни повреди при лигање и паѓање, Со почит,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

12.01.2015 во 10:07:19

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека мразот се отстранува по однапред определен редослед и во согласност со временските услови,па така во текот на викендот ке биде исчистен и овој дел од општината. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by