08 Мај 2024 - 06:26:28

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.01.2015 во 11:15:22

Почитувани, се јавувам во врска со проблемот на загадувањето на воздухот во нашата општина, посебно во делот на н.Лисиче и с.Лисиче, делот што е густонаселен со индивидуални куќи. Мислам дека општина Аеродром може во својот домен да стори нешто најпрвин во областа на греење со цврсти горива во индивидуалните куќи. Предлагам прво да се формира една времена инспекција на уредите за горење со цврсто гориво, пред се на оџаците, визуелен преглед, мерење на гасови и задолжително чистење на истите. Потребно е да се донесат построги прописи во доменот на врстата на цврсто гориво и најстрого да се забрани горење на иверици, гуми и други штетни материи, т.е. да се пропишат дозволени врсти цврсто гориво, дрвио и пред се пелети. Да се предложи стимулативно намалување на ДДВ а со тоа и цената на фосилните горивата и печки кои помалку загадуваат, да се испита можност за поволно кредитирање при купување на печки на цврсти горива кој помалку загадуваат, во склоп на акциите кој веќе постоеја за набавка на уреди за користење на сончева енергија како и за користење на топлински пумпи (инвертори). Да се испита можноста за гасификација на поголеми објекти па и индивидуални куќи. поздрав Димитар

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

22.01.2015 во 14:04:02

Почитувани, Вашето барање ќе биде доставено до Кабинетот на Градоначалникот, поточно до одделението за односи со јавност, од каде Ви благодарат за Вашата идеја. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by