22.01.2015 во 21:42:15
Почитувани, Ви се обраќан на Вас иако не сум сигурен дека сте надлежни како општина или градот Скопје е надлежен. Ние како жители на Аеродром (околина на Бисер) подолго време го имаме проблемот со кучињата скитници, нашите деца ги испраќаме во групи во училиште плашејки се за нивната сигурност. Навечер ситуацијата е уште полоша. Кучињата се агресивни и само е прашање на време кога некој ќе настрада! Додека надлежните се појавуваат на телевизија со господата од анима мунди и бараат хумано решение... моето прашање до Вас - што со нашите деца??? Или треба да биде изедено некое дете па да се превземе нешто???
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато