04 Мај 2024 - 12:20:17

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

23.01.2015 во 08:04:34

Почитувани, ние живееме на улица „Февруарски поход“ бр. 8 (во новите згради на Адора). Летово пред нашите згради се вршеа инфраструктурни работи, односно се асфалтираше улицата и тротоарите се наредија со бекатон. Изведувач беше фирмата Јубај од Тетово, но делот пред влезон во гаражата е спуштен тротоар и веднаш има рампа преку која се влегува во гаражата. Тој дел е нареден со бекатон и подолго време постепено пропаѓа. моментално е толку пропаднат што дел од корисниците на гаражата неможат ни да влезат во истата, бидејќи не е возможно а имаат купено гаража и истата неможат да ја користат, а дел ги кршат автомобилите и оштетуваат при влегувањето. Од Адора не известија дека тоа е во надлежност на општината. Знаете дека пред нашите згради нема предвиден паркинг простор и хаос во паркирањето, а сега и тие што сме купиле паркинг места во гаражата неможеме да ги користиме.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Замена на оштетени плочки

 
Одговор

23.01.2015 во 09:53:14

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by