04 Мај 2024 - 09:34:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.01.2015 во 16:27:01

Тип на пријава: избрав останато бидејќи досега не наидовме на слух ниту од урбанизам нити пак от телефонските контакти нити од контактите со општината. Проблемот е едноставен се работи за нецели 100 метри должни кои до извесно вмреме со сопствени средства ни беа барем асфалтирани или тампонирани со тампон но со текот на градежните работи на фирмата НАСТЕЛ и делимичната реконструкција на фекалната канализација што ја изведува фирмата (вам позната) веќе цели 5 месеци се давиме во кал, оставени се местата за шахти како дупки во пречник од по 1,5 метар во кои секојдневно пропагја по некој автомобил што прв пат поминува оттука итн............. Барањето е едноставно: не ли е во можност општината да ги задолжи изведувачите да го санираат она што го уништиле или привремено да нанесат тампон .. ние не бараме да ја асфалтирате предвреме... па дури и да ја асфалтирате за не е секоја улица прекопана по најмалку 5 пати барем во делот каде се градат зградите во ново лисиче... и воопшто има ли некој да ни каже уште колку години ќе се давиме во кал, фекалии и слично!!!

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

27.01.2015 во 14:27:58

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за комунални работи. Од таму Ве известуваат дека потребно е да дојдете во просториите на Општина Аеродром, и тоа секој понеделник од 15 и 30 до 16 и 30 часот, како и секој четврток и петок од 08 и 30 до 09 и 30 часот, како би можеле да добиете соодветна информација (локацијата не е точно утврдена). Доколку не сте во можност да дојдете, можете да ги контактирате на следниве телефонски броеви: 2401-532 и 2401-533. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by