28 Април 2024 - 01:12:40

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.01.2015 во 10:22:11

Имам стан на приземје во населба Ј. Сандански со дворно место. Имам поднесено барање за легалзација со сите неопходни документи и согласности на станарите во предвидениот рок и доставен геодетски елаборат уште пред 3 години за легализација доградбa на објект со намена домување во станбенa зградa – терасa и терасa пренаменетa во станбен простор према чл.20, став 2 од законот за легализација т.е. имам доградено и затворено тераса наменета за живеење ( 6 м2 ) и затворена постојна лоѓија. Фасадата на зрадата пред 3-4 месеци е целосно реконструирана и беа заменети сите прозори со ПВЦ столарија и изведена термо фасада со стиропор, освен мојот стан. Претходно преку овој граѓански сервис центар ме обавестивте дека пред завршување на процесот на легализација не смеам да изведувам никави градежни зафати на т.е ни замена на прозори ниту фасадата. Прашање: Кога ќе се изведе процесот на легализацијата на доградените и затворени тераси тераси, како би можел и на мојот стан да ги заменам прозорите и поставан термо фасада и се вклопам во изгледот и енергетската заштита на мојот стан и целата зграда. Со почит,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

29.01.2015 во 13:02:47

Почитувани, можете да дојдете во Општина Аеродром, и тоа секој понеделник или вторник, од 9 до 11 часот, во Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина и да добиете соодветна информација. Инаку, предметите се работат по однапред определена динамика, а истата ќе Ви ја објаснат во овој Сектор. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by