27 Април 2024 - 19:13:30

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.01.2015 во 13:41:26

Имам дете кое што учи во ОУ Ѓорѓија Пулевски во целодневна настава. Дежурствата во целодневната настава се до 17.00 часот.Проблемот е во тоа што јас сум на работа до 16.30 ч. а сопругот до 20.30 ч.За да дојдам најбрзо што можам и да го земам детето потребни ми се најмалку 35-40 мин. земајќи ги во предвид големите сообраѓајни гужви низ градот кои ги има во тоа време.Вчера закаснив 5 мин. и наставничката која што беше дежурна во тоа време направи многу непријатна сцена и тоа пред моето дете.Беше многу нељубезна и дрска, дури и се прашувам како е можно такви личности да работаат во училиштата како педагози?! Јас би сакала Вие како Општина заедно со раководниот кадар во училиштето да превземете нешто во врска со овој проблем.Би било добро да има продолжување на дежурствата барем до 17.30 часот за да нема непријатни ситуации во иднина. Со почит

Статус: Одговорено
Тип на барање: образование

 
Одговор

30.01.2015 во 14:19:35

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за образование, спорт и култура. Од таму Ве известуваат дека работното време односно времето во кое се згрижуваат децата е определено согласно Статутот на основното училиште, а директорот го организира со постојниот кадар согласно Законот за работно време за наставниот кадар. Затоа, дополнителни информации очекувајте од директорот на училиштето. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by