27 Април 2024 - 12:39:51

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

01.02.2015 во 17:02:50

почитувани, Веќе подолго време се соочувам со проблем при редовните прошетки на ``детската улица`` во Ново Лисиче. Досега (слободно ќе кажам) без исклучок се соочувам со кучиња кои од страна на своите сопственици се шетаат без спроводник или маска за истото. Се согласувам дека можеби е престрого сите (мислам на малите раси) да носат заштитна маска, но без спроводник мислам дека нитуедно домашно куче нетреба да биде шетано по јавни површини. Јас имам фобија од кучиња и досега (покрај психијатарот) ниту еден сопственик на куче со зборовите ``не се плаши ништо нема да ти направи`` не успеал да ми ја излечи фобијата. Сакам да Ви потенцирам дека денеска од страв бев принуден во самоодбрана и да клоцнам куче, а притоа сопственикот вообичаено не реагираше со зборовите ``оно само сака да си поигра``. Отидов до полициската станица да го пријавам случајот, но денеска не работела итн..., па се решив да Ви пишам надевајќи се дека нешто ќе превземете во врска со ова. Искрено се надевам дека наскоро општината ќе направи нешто, па и ние што имаме фобија од кучиња да можеме слободно да се прошетаме по парковите за кои оптшината упорно се грижи да бидат уредни и средени.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

02.02.2015 во 11:28:04

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Во текот на денешниот ден, нашите комунални редари ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by