18 Мај 2024 - 13:17:09

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

02.02.2015 во 18:16:52

На 24.01.2015, Ве известив дека на плочникот пред зградата на ул. Владимир Комаров 36/1 беше поставена огромна жардињера, веројатно со мотив да се сопре евентуалното влегување на возилата на патеката. Жардињерата го блокира влегувањето на било какво возило, односно оневозможува пристап на транспортно средство до било кој од четирите влеза (со по 24 стана) во зградата со вкупно 96 стана. Ви напомнав дека бев сведок на проблемите на брзата помош која небезбедно беше поставена на улицата покрај градилиштето без истото да се доближи до влезот заради транспорт на болно лице, и ја нагласив опасноста од евентуални идни проблеми со животни последици кои може да ги има и противпожарната служба. И денес жардињерата не тргната, а ризикот по здравјето и безбедноста на станарите и понатаму е максимален. Зарем ќе останете неми на вакви непромислени потези. И сега Ве известувам дека немам намера никаде понатаму да пријавувам. Со оглед дека сте известени ПО ВТОР ПАТ - очекуваме отстранување на џиновската жардињера од местото на која е поставена и пренесување на некое логично место. Вашиот одговор и тоа што го знаете проблемот не ве амнестира од ништо. Проблемите сите ги знаеме. Потребна е конкретна акција на терен заради нивно решавање. Одговор 27.01.2015 во 14:07:44 Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека го знаат со овој проблем и бараат соодветно решение за надминување на иститот. Воедно Ве известуваат дека во текот на следната седмица ќе се одржи состанок со администрацијата на Град Скоје на истата тема. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови пешачки патеки

 
Одговор

04.02.2015 во 14:19:14

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека даден е налог за отстанување на жардиниерата и поставување на подвижна рампа која ќе се отвара на клуч ( сепак мора да постои некаква заштита на пешаците, како и на општинскиот имот, од несовесните граѓани кои ги користат пешачките патеки како улици). Копија од клучот ќе има противпожарниот сојуз, но и управителот (претседателот) на Заедницата на сопственици, а истиот ќе се употребува и во случај на потреба од Брза помош. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by