03 Мај 2024 - 08:02:56

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

03.02.2015 во 18:59:44

Почитувани, Осветлувањето во подземниот гаражен простор кој се наоѓа под пазарчето аеродром иако е во надлежност на фирма која општината аеродорм ја има избрано за оджување се наоѓа во лоша состојба. едноставно фирмата не го одржува. Од друга страна лошата изолација на просторот пред пазарот (маркетот Тинекс и т.н.) каде што општината постави убави фонтани до таа мера протекува при најмал дожд или чистење со вода на плочникот, прави ретките заложби да се доведе во ред напојувањето со електрична енергија за осветлвање да биде оневозможено. Дали постои можност да се доведе во ред осветлувањето? Дали се предвидува изведба на изолација на плочникот за да гаражниот простор под него реално може да се користи?

Статус: Одговорено
Тип на барање: Поправка на веќе постоечки линии за јавно осветлување

 
Одговор

04.02.2015 во 14:10:21

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека локацијата која ја посочувате во Вашето писмо е во заедничка сопственост на сите станари, а не на Општина Аеродром. Затоа со жалење Ве известуваме дека ние како институција немаме надлежност да вршиме никакви активности на тој потег. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by