05 Мај 2024 - 04:18:38

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

09.02.2015 во 22:45:53

Почитувани, Ви се јавувам во врска со веќе не дупките туку кратерите на улицата Божин Николов во близина на куќите со број 117,119,121. Улицата веке неколку пати за последните 2-3 години е раскопувана и пак асфалтирана при што при последното не е асфалтиран дел од околу 100 метри . Овој дел од улицата веќе е толку ископан што на еден дел дупката е подлабока од БУКВАЛНО половина метар. (на официјалниот маил ќе ви испратам фотографии) Минатото лето не се поминуваше по патот од прашина а сега зимава од кал и вода. Уште невољата да е поголема тротоарот кој е само од едната страна на улица толку многу е затаснат во трева и жбунови што ни по него не може да се оди па пешаците се приморани да газат низ дупките преполни со вода. Се надевам дека некој во нашата Општина ќе гомсфати ова сериозно и брзо ќе се најде решение. Небојша Јовановиќ

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

12.02.2015 во 10:39:03

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самата улица, а потоа ќе се постави нов тампон на истата. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by