28 Април 2024 - 16:50:17

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.02.2015 во 11:02:30

Почитувани, Прашањето е: Дали е дозволено сушење на алишта и долен веш среде блоковското зеленило т.е. државно земјиште? И ако не е, ќе ве замолам да се отстрани и да се опоменат станарите на улица Венијамин Мачуковски(двете стари жолти згради веднаш после маркет Зур). Според мене тоа е една грда слика за општината, а плус и забрануваат од тука да се минува да не сме им сметале бидејќи имале пружени алишта. Благодарам однапред.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

12.02.2015 во 14:04:08

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by