28 Април 2024 - 14:48:23

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.02.2015 во 19:09:06

Почитувани, Ова што Ви го пишувам не е прв пат и нема да застане тука. Нашето место на живеење е на Јане Сандански 9 и со ова кажуваме и дека сме дел од Општина Аеродром. Како ваши соограѓани , веруваме дека ќе го согледате нашиот проблем со паркинг просторот кој што го користат сите, но најмалку вашите сограѓани , т.е жителите на таа улица. Нас стварно не ни е јасно како може во поголемиот дел од Аеродром да има зонско паркирање, а само кај нас НЕ, верувам дека Вие најдобро ја знаете вистинската причина. Дали нашата улица е слободна зона да може останатите граѓани да ги оставаат нивните возила тука и да одат пеш до Бисер, дали нашата улица е главно место за јадење во возилата паркирани кај нас , а се удостоиле да замеат сендвич од "7", дали некој фирми нивниот огромен возен парк треба да го користат нашиот паркинг ??? Господа, сетете се дека вашите сограѓани се на Прво Место , а после останатите !!! Поздрав,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

12.02.2015 во 13:57:04

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека барањето за поставување на зонско паркирање на овој потег во Општина Аеродром е доставено до ЈП Градски паркинг. Потоа, на нивно барање Општина Аеродром спроведе анкета меѓу граѓаните кои живеат на посочената локација.. За жал анкетата беше негативна, поточно поголем дел од жителите не сакаат поставување на зонско паркирање на овој потег. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by