17.02.2015 во 09:37:12
Почитувани, Ви се обраќам за да Ве замолам (не верувам дека јас сум прва што испратила барање за ова) да превземете нешто за дрво кое стои искривено пред нашата зграда на бул Јане Сандански бр 5-3. Дрвото претставува опасност и за возилата кои ги паркираме под него и за минувачите. На пролет ќе го зафати целиот простор на тротоарот и нема да има повторно простор за минување. Опасноста е поголема дека дрвото ќе падне на некое од паркираните возила покрај тротоарот. Ве замолувам да излезете на терен и самите да ја увидите ситуацијата. Дрвото треба да се пресече зошто е невозможно да се обезбеди за да биде безбедно за нас кои минуваме секој ден тука.
Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило