05 Мај 2024 - 07:31:43

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

18.02.2015 во 13:54:03

Дoбар ден. Се јавувам во име на група на станари на улица „Фрањо Клуз“ бр. 6 и 8. Имено се работи за следното По извод од ДУП бр. 23-522/2 од 23. 02. 2010 година за локалитет Црква - УЕ „Б“ за КП 733/12 површината на градежната парцела изнесува 3105 м2. По извод од ДУП од бр. 23 - 12433 од 10.12.2012 година површината е зголемена и изнесува 3131м2. Истата површина е и во изводот од ДУП бр. 23 - 1458/2 од 17.03. 2014 год. Се појавува разлика во м2 и покрај тоа што во периодот помеѓу двата извода немало промени. Зошто? По најновите измени на ДУП-от, површината е зголемена и изнесува 3426 м2. Но во изводот бр. 23 - 5615/2 од 06. 11.2014 година не е наведено името на локалитетот. Бараме да ни дадете одговор за кои парцели конкретно станува збор, како и тоа кои се нај безболните и нај брзите постапки за легализација на истата. Љубезно ви се заблагодаруваме на одвоеното време. Поздрав одд сите станари на ул „Фрањо Клуз“ („Пандил Шишков“), бр. 6 и бр. 8

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

18.02.2015 во 15:11:12

Почитувани, морате (бидејќи Вашето прашање е со сложен карактер) да дојдете во Општина Аеродром, и тоа секој понеделник или вторник, од 9 до 11 часот, во Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина и да добиете соодветна информација. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by