05 Мај 2024 - 00:09:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

18.02.2015 во 17:35:02

Почитувани, ви пишувам во врска со семафорот поставен на пешакиот премин кај Средното Хемиско училиште, и Средното Поштенско училиште, на ул. 3 Македонска Бригада. Знам дека ќе ми одговорите дека то е надлежност на Град Скопје, на некоја можеби Сообраќајна комисија итн, но ова е и ваша општина и имате право да реагирате, посебно ако знаете каде да се обратите. Имено, многу еколошки неисплатливо е да во сред ноќ, во време на викенди итн, да стојат автомобили на тој семафор, кој знаеме дека е поставен особено за потребите на училиштето (иако учениците често пати преминуваат и кога е црвено светло за нив, па има и незгоди). Многу поекономично, еколошки итн е доколку го исклучуваат тој семафор после 19 часот, и за време на викенди...

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

19.02.2015 во 14:48:46

Почитувани, како што веќе знаете, промената на режимот на сообраќајот на булеварите во Градот Скопје ги врши администрацијата на Град Скопје, Сектор сообраќај. Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by