05 Мај 2024 - 08:49:44

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.02.2015 во 12:10:31

Имам стан на приземје во населба Аеродром (позади ВЕРО). Сите крајни станови на приземје во згредите во тој реон, со самата градба на зградата имаат архитектонски издадено по една соба како целина на станот и зградата. Прашање:Дали кровот и кровната конструкција од тие издадени простории претставуваат заеднички градежен дел (елемент) од целата зграда т.е. дали и тој дел од кровот претставува заеднички кров на целата зграда (влез) . Дали реконструкција или поправка на тој сегмент од кровот, посебно или при реконструкција на целиот кров на влезот, е во склоп на заедничките трошоци на сопствениците на станови од цекиот влез. Ве молам на писмен одговор, Со почит Васил.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

27.02.2015 во 15:45:20

Почитувани, бидејќи Вашето прашање е со комплексна содржина, Ве замолуваме да дојдете во Општина Аеродром, и тоа секој понеделник или вторник, од 9 до 11 часот, во Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина и да добиете соодветна информација. Со себе донесете документи кои ги поседувате во овој момент. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by