05 Мај 2024 - 00:20:51

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.02.2015 во 18:45:33

Почитувани, во врска со реконструкција на пешачките патеки на потег од булевар Јане Сандански 83 смер булеварот, сакам да Ве прашам дали воопсшто некој води надзор од страна на Општината за изведбата. Имено фирмата изведувач, според возилото Urban Design, ги врши овие работи апсолутно неппрофесионално.Ова проблематика ми е добро позната од професионален аспект! Од естетски момент, новите бетонски плочки се местат без никаков ред, ниту се почитува фуга, ниту бордура, а за што имаат елементи, а од технички момент, нема ниту дилатација, а ниту пак се санира подлогата пред поставување и по поставување на плочките. Резултатот е очаен и од естетски и од технички аспект, изгледа евтино, крпено, ни далеку не е на ниво на постоечките, а за сезона или две повторно ќе треба да се менуваат бидејќи ќе се кршат заради недобрата припрема на тлото и немање дилатација. Уште нешто кон ова, поставени се плочки со црвен пигмент, претпоставувам биле наменети за веќе спомнатата бордура, во цело поле на интервенција, кои се лошо одбрани бидејќи ќе собиррат вода заради текстурата која при смрзнување, ќе предизвика да пукаат. Ве молам, додека сеуште не е касно, Вашите служби да контролираат и реагираат на оваа состојба кај Изведувачот, затоа што резултатот не сум сигурен дека ги оправдува средствата. Благодарам и со поздрав.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови пешачки патеки

 
Одговор

02.03.2015 во 13:44:26

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за комунални работи. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by