03 Мај 2024 - 14:17:41

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.03.2015 во 10:32:16

Почитувани! 1. Од август месец 2014 на паркингот позади Бул.Ј.Сандански бр.12 од страна некое претпријатие беа изгребани оштетувањата на асфалтот и еден дел нецелосно асфалтирании а два простори од некот 10-15м квадратни ги оставија така и сга од зимата и стдот уште повеќе се раскопуваат и собираат (вирови со вода).Едниот простор е до објектот кој го гради ГОЛДЕН АРТ. 2. Дали функционираат градежните и сообраќајните инспектори, бидејќи на паркинг простор кој е наменет за патнички возила имаме секој ден блокирање на паркингот од градежни машини (БЕТОЊЕРКИ и оние камиони мешалки кои го донесуваат бетонот) со што нашите возила се блокирано по 6-10 часа а на ракувачите со тие градежни машини око не им трепнува бидејќи биле на градоначакникот Трајановски.Сакам да прашам: -со кое одобрение и каква сообраќајна согласност ни ги блокираат и се движат на паркинзите? -зошто градежниот инспектор од општината не врши соодветен надзор бидејќи паркинците се: блокирани, преплавени со кал, со паркирани камиони од по 30 тона и друго, кој не штити од оваа градежна узурпација и криминал, -кога општината ќе почне да ги гради катните паркинзи за возилата во овој дел, дали сега или откако ќе ни се случи (населба Расадник во Кисела вода или недај боже откако ќе настанат проблеми меѓу граѓаните (тепачи, оштетувања, па може и убиства) -мислам дека улогата на општината е да ги превенира а не да ги предизвикува безбедносните проблеми. Благодарам и се надевам дека ќе ве поттикнам на размислување и постапување. Младен Трајков, 11.03.205

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

12.03.2015 во 09:49:59

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by