04 Мај 2024 - 19:41:02

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.03.2015 во 09:17:12

Почитувани, Штотоку се вселивме во новите згради во РЦ Аеродром и сакаме да пријавиме дека сме тотално разочарани од пристапот на општината кон уредувањето на просторот во овој дел од општината. Имено се работи за изведбата на улицата која помунува покрај ОУ Александар Македонски има исфрлено градежен шут од завршни работи непросредно до оградата од училиштето. Тротоарите иако се поставени само неколку месеци со бекатон се денивелирани обраснати со треви и слично(Да се отиде на лице место). Околу канделабрите и нивниотне се довршени бекатон плочките и громобранските инсталации секаде стрчат.По целата должина на уличата не се регулирани места на контејнерите и истотака не е довршен излезот на бул.Србија од за Вас само познати причини. Ве молам доколку сте реално излезете да видите на лице место како ви е денивелирана улицата, исто како и тротоарот покрај бу.Србија каде што поминува колекторот за сончев Град,бидете доблесни и исправете ги работите односно на изведувачот на работите кои не се довршени до крај. Благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

24.03.2015 во 09:42:13

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за комунални работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by