04 Мај 2024 - 14:08:44

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.03.2015 во 21:04:42

Имам купено стан во новите згради позади ОУ Алексанар Македонски, во реонски центар. На новопроектирана улица се поставени канделабри за осветлување уште пред 1-2 месеци но сеуште осветлувањето не е вклучено. И покрај тоа што улицата пред извесно време се асфалтира и се уредија тротоарите, навечер во овој дел е вистински кошмар а во сите станови кои се вселија во овие згради се со мали деца и опасноста навечер е дополнително зголемена. Несмееме да ги пуштиме навечер сами да излезат и пред зграда бидејќи прст пред око не се гледа. Ве молам за информација кога планирате да го вклучите осветлувањето и која е причина зошто сеуште не се вклучени.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови линии за јавно осветлување

 
Одговор

25.03.2015 во 11:52:46

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека за кратко време овој проблем ќе биде надминат. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by