04 Мај 2024 - 16:21:46

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

31.03.2015 во 14:52:00

Почитувани, Ви се обраќам во врска со јавното осветлување за улица Булевар 3-та Македонска бригада. Подолго време (скоро два месеца) пред мојот објект нема јавно улично осветлување. Правев напори за решавање на проблемот за осветлувањето пред мојот објект но ненајдов на соодветно решеније. Од одговорните вработени во Општина Аеродром ми беше одговорено дека осветлувањето на Булеварот е под ингеренција на Град Скопје. Но и од таму веќе подолго време (скоро два месеца) нема никакво решение, а таксата за јавно улично осветлување редовно се плаќа. Согласно Законот за комунални такси, се ослободуваат од плаќање на комунална такса имателите на броила за мерење на електрична енергија во населените места каде што нема јавно осветление.Според правилникот се ослободува од плаќање комунална такса за користење и одржување на јавно осветление, ако од објектот на барателот до првата светилка во населеното или вон населеното место има повеќе од 500 метри" Би Ве замолил за поскорешно решавање на проблемот, однапред Ви Благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Поправка на веќе постоечки линии за јавно осветлување

 
Одговор

31.03.2015 во 15:18:53

Почитувани, промената на светилките на сите булевари во Градот Скопје ги врши администрацијата на Град Скопје, Сектор сообраќај. Затоа повторно, најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by