05 Мај 2024 - 01:32:26

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.04.2015 во 13:56:34

Почитувани,јасно ми е дека со преселбата изгубивте ден два,меѓутоа нашиот проблем остана.Ви се обратив на ден 28.03.2015,со барање за санација на ударна дупка,меѓу зградите на ул.Венјамин Мачуковски бр.28.Иако на Вашиот статус стои дека ми е одговорено,од одговорот до решавање на проблемот е далеку како од тука до Кина.Одговорено е дека во најкраток можен рок,ама денеска е 07,04,2015 и ништо не е превземено.Би ве замолил за еден едноставен одговор,кое е вашето поимање,т.е.колку трае во денови,месеци или пак години терминот најкус можен временски период,за да си бидеме трпеливи,нели,ко што си знаеме.Дупката секојдневно се шири(во обем и длабочина),така да ќе дојде набргу време кога не ќе биде проодна патеката,како за луѓе така и за возила.Везден се играат деца тука,поминуваат станарите,а и се паркираат возилата.Ве молам бидете поекспедитивни и стојте си на зборот што сте го дале.Од празни ветувања немаме баш некоја корист.Пријатен ден.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

09.04.2015 во 11:09:56

Почитувани, Вашето барање повторно е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека за кратко време овие проблеми ќе бидат надминати. Во моментов се врши избор на фирма која ќе ги санира ударните дупки и прекопи. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by