05 Мај 2024 - 20:43:22

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.04.2015 во 13:56:14

Почитувани, Околу булеварите Авној и Србија, поточно позади бензиската станица на ЛУК ОИЛ внатре во паркот позади трите црвени згради има отворена дупка на огромни цевки за вода и не е заштитена со ограда. Ве молиме да пратите теренска екипа да направат увид и да ја затворат дупката со метален капак и катанец, децата се собираат долу во шахтата и молиме под хитно да се затвори.Таа шахта е ново направена и претпоставуваме служи за наводнување на паркот. Исто така во истиот парк подолу после кошот, до самата патека во правец на на играоната има бетонска стара шахта која е отворена и децата и постарите лица се имаат повредено при трчање. Ве молиме да се затвори шахтата, бидејки целата е раскопана, како тумба е со трева не се гледа дека е шахта и можни се нови повреди. Играоната е исто така во лоша состојба, сите мекани плочи се извадени, Ве молиме и тоа да се санира, бидејки паркот многу се користи од страна на децата, родителите и возрасните лица. Однапред Ви Благодариме, Поздрав и убави празници од мене и група грагани

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

14.04.2015 во 13:17:39

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве замолуваат, за шахтата да се обратите до ЈП „Водовод и канализација“, бидејќи тие се надлежни за сите шахти во Градот Скопје, а истото ќе го сторат и тие. Воедно Ве информираме дека е при крај тендерот за реконструкција на детски и спортски игралишта, по што и ова игралиште ќе биде санирано. Со почит, Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by