05 Мај 2024 - 02:23:57

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.04.2015 во 11:07:35

Почитувани, Сакам да ви образложам еден проблем кој од формирањето на населбата Реонски Центар Аеродром до денес не е правилно решен. Пред 10 години кога населбата се пушти во употреба , тогашниот градолначалник Тодоровски не сакаше трајно да го разреши приклучокот на населбата кон бул Видое Смилевски БАто во делот пред сегашниот Жито и Рептил маркети. На наше огромно инсистирање тогаш постави многу тенок слој на асфалт како привремено решение кое за жал до денес е трајно. Тоа беше направено крајно неквалитетно со ивици и рабници од кои ги сечеме гумите. ( во делот накај рамстор маркетот и мик месарата). Тенкиот асфалт (само 2цм.) сега се распаѓа и веќе има огромна дупка сред раскрсница. За поголема несреќа на тоа ниво од лошиот асфалт се надоврзаа со новиот асфалт кој беше поставен лани при изградбата на новите сервисни улици и паркинзи кои водат кон Т-ХОУМ поштата( значи беше прифатена оваа крпеница и од ваша страна). Ве замолувам да смогнете сили и правилно да јо решите оваа импровизација. А во меѓу време пратете екипа да ја затвори огромната дупка.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

21.04.2015 во 10:53:57

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека за кратко време овие проблеми ќе бидат надминати. Во моментов се врши избор на фирма која ќе ги сервисира ударните дупки. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by