05 Мај 2024 - 08:57:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.04.2015 во 16:00:35

Почитувани, До кога ќе се толерира дивјачкото прекопување на улиците низ општина Аеродром од страна на приватните "инвеститори"? Конкретно, асфалтот на уличката на влезот во Ново Лисиче од Булеварот Србија (покрај полициската станица кон детската улица), е веќе некое време ископан од страна на изведувачот кој гради објект на Булеварот Србија... Улицата воопшто не е вратена во првобитната состојба.. Си ги искршивме колите!!! Истото се случи и со тревникот позади Полициската станица ( на Булеварот Србија), кој откако беше раскопан, сеуште стои во кал и прашина а зеленилото не е вратено.. Викендов беше раскопана и раскрсницата меѓу Булеварите Србија и Видое Смилевски - Бато..И таму утрово наидовме на ископана улица оставена натрупана со земја.. Кој ќе ги санира улиците и до кога ќе се толерираат ваквите состојби? Дали секој може да копа каде што ќе посака и потоа да не мора да врати се во првобитна состојба???

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

21.04.2015 во 10:11:20

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Нашите инспектори ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by