10 Мај 2024 - 12:27:03

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

25.04.2015 во 21:11:03

Почитувани, Детското игралиште позади булевар АСНОМ бр. 30 (30 по старо, новата бројка не ја знам) е во многу лоша состојба. Таму има бетонско игралиште за фудбал кое е добро заградено и осветлено но лизгалките и лулашките за помалите деца се искршени и се изгледа многу лошо. Тревата не е искосена со месеци и тобоганот на кој јас се спуштав кога бев дете со години не постои. Ве молам за целосно реконструирање на овој парк бидејќи е на навистина убава локација во околината има многу мали деца и заслужуваат убав и уреден парк. Со почит, Симона Ковачева

Статус: Одговорено
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

27.04.2015 во 12:58:27

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека за кратко време овие проблеми ќе бидат надминати. Во моментов се врши избор на фирма која ќе ги сервисира детските и спортските игралишта. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by