13 Мај 2024 - 16:25:04

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

28.04.2015 во 09:02:20

Почитувани, Би сакала да го искажам моето големо разочарување од околината во којашто живеам а која станува неподнослива од канализациска смрдеа на улица В.С. Бато (реонски центар Аеродром). Имено, откако се изградија и населија новите стамбени згради, одвратната миризба е енормно зголемена (не дека и од порано ја немало). Ве молам за одговор дали нешто ќе се превземе околу тоа од страна на надлежните во општината Благодарам однапред, Даниела

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

29.04.2015 во 13:05:43

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека канализационата мрежа технички целосно е примена од страна на ЈП „Водовод и канализација“, бидејќи тие се надлежни за канализациони мрежи во Градот Скопје. Затоа најљубезно Ве замолуваат да се обратите до ЈП „Водовод и канализација“, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by