02 Мај 2024 - 13:42:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

06.05.2015 во 22:49:31

Почитувани, Ве молам за информација во врска со данок на имот. Купив стан во новоградба, односно се уште е во градба, ме интересира дали ќе треба да се плати данок на имот, а доколку треба, Ве молам да ми кажете која е висината на данокот. Согласно Законот за даноци на имот (Сл. весник на РМ бр. 61/2004), член 25, во врска со даночните ослободувања, точка 6 се вели дека данок на промет на недвижности не се плаќа: „На првиот промет на станбени згради и станови кој ќе се изврши во период до 5 години по изградбата на кој е пресметан данок на додадена вредност“, не треба да плаќам данок на имот. Но, бидејќи се зборува дека и на новоградба се плаќа данок, затоа Ви се обраќам и Ве молам да ми одговорите. Со почит, Викторија Саркисјан

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

07.05.2015 во 09:44:50

Почитувани, данокот на имот во Градот Скопје го работи администрацијата на Град Скопје, Даноци и финансиски прашања тел: 02/3297 315, 02/3297 263. Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by