08 Мај 2024 - 18:42:41

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.05.2015 во 11:44:13

Добар ден почитувани, Би сакала само да прашам дали е предвидено на бул. 3-та Македонска Бригада да се стават повеќе семафори, затоа што има многу сообраќајки. Последно нешто што ме натера да пишам се две дечиња кои биле повредени претпоставувам заради брзо возење, но едното од нив како што разбрав е во многу лоша ситуација. Тоа се мали деца што учат во ОУ. Димитар Македонски. Јас како родител на три деца, имам две што учат во ова училиште и сум многу загрижена за нивната безбедност и за безбедноста на сите деца, како и возрасни луѓе кои веќе настрадале. Дали има решение за овој булевар каде се вози многу брзо. Ви Благодарам однапред.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

12.05.2015 во 10:19:04

Почитувани, промената на режимот на сообраќајот на булеварите во Градот Скопје ги врши администрацијата на Град Скопје, Сектор сообраќај. Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром. п.с. претпоставуваме дека мислите на булеварот 12-та Македонска бригада

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by