09 Мај 2024 - 02:20:38

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.05.2015 во 16:24:58

Барање за заштита од бучава. Ве молам да надлежните инспекциски служби излезат на терен, го испитаат случајот и превземат законски мерки за заштита од бучавата од звоното на црквата Св.Илија во општина Аеродром (кај полоклиниката Ј.Сандански). Секој ден во 07:00 и 17:00 часот звоното произведува бучавост која ја надминува дозволената граница. Друг аспект на проблемот е што бучавоста од звоното е со времетрање од 1 минута и повеќе. Кога би се намалила силината и/или намалило времетраењето (на пр. на 10 секунди) на бучавоста од звоното, не би бил прекинуван мојот потребен сон и/или одмор како и на многумина граѓани и деца кои живеат во близина на црквата. .... Благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

12.05.2015 во 10:08:58

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи.Дополнителни информации очекувајте од нивна страна. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by