28 Април 2024 - 02:05:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

13.05.2015 во 09:35:28

Граѓаните од ул. Васко Карангеловски бр 18 и 19 - Аеродром ( кај војниот базен -нови зради)бараат да се реши проблемот со просторот спроти Поликлиниката Јане Сандански кој со години е обраснат во трње и ѓубре и ништо не се презема за неговото уредување иако повеќе пати сме се обратиле до нашата и вашата општина и ништо не се презема од Ваша страна. Се уредуваат другите делови од општината и се градат паркови и цркви , а за нас ваши жители ништо не се презема да се уреди тој простор кој добро Ви е познат со зеленило, клупи и парк и за нашите деца. Градоначалникот Трајановски посочи дека се очекува месните заедници како претставници на граѓаните на општина Аеродром да имаат што повеќе критички осврт на функционирањето на јавните претпријатија, затоа што на таков начин ќе се воочат проблемите со кои што се соочуваат граѓаните и јавните претпријатија ќе мораат да ги решат проблемите, а доколу не се решаваат тие проблеми, одговорните во јавните претпријатија ќе сносат одговорност.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

13.05.2015 во 16:00:15

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека тревата се коси по однапред определен редослед и наскоро ќе биде искосен и овој дел од општината. Во исто време ќе биде отстрането и ѓубрето во околината. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by