28 Април 2024 - 01:21:17

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

13.05.2015 во 12:29:18

Во име на станарите на К.Ј.Питу бр.15, влез 1 (Скопјанка прв влез) сакам да пријавам непријатна миризба и загадување на амбиентален воздух од ресторанот кој работи во нашето приземје-Мезе Бар (МУНИЦИПИУМС ДООЕЛ) посебно од задната страна на зградата (со поглед кон Вардар). Имено со овој проблем се соочуваме веќе подолг период и по неколкукратните неуспешни обиди да заеднички со нив го надминеме овој проблем принудени сме во прва инстанца да се обратиме до вас на овој начин, а доколку и со ова не се реши проблемот подготвени сме да поднесеме и жалби до надлежните инпсекторати. Целосно е неприфатливо и неподносливо да не можеме да отвораме прозорци во овие пролетни и летни периоди поради непријатната миризба што се шири буквално по целата висина на зградата. За оваа цел апелираме до вас како општина и до вашите институции да ги преземете потребните мерки и извршите проценка на ситуацијата на лице место, увид во работата на Мезе-Барот и по потреба да ги ангажирате надлежните инспекторски служби. Со почит

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

13.05.2015 во 15:38:01

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by