05 Мај 2024 - 21:58:10

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.05.2015 во 14:34:16

Почитувани, Во насока на развој на модерна општина која ќе води грижа од најмладо до најстаро, Општина Аеродром докажа дека е лидер во просторни уредувања наменети за најмладите. Со урбанизацијата на делот долж булеварот 3-та Македонска Бригада и пред Воениот Базен, се појави и потреба од детски и спортски игралишта во кои најмладите ќе го остваруваат својот детски сон. Потребата е итна од аспект што моментално децата својте детски игри ги обавуваат на улица или паркинзи несвесно неразмислувајќи за опасностите кои би можеле да ги доживеат. За таа цел Ве замолувам во името на сите родители од овој реон, да ни овозможите нашите деца да ги остваруваат својте детски соништа на детски и спортски игралишта, со цел да ги заштитиме од опасностите кои можат да им се случат. Со почит.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

26.05.2015 во 15:47:57

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Согласно Планот и Програмата на ова одделение Ве известуваме дека за оваа година не постои можност за реализација на Вашето барање. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by