05 Мај 2024 - 22:03:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.05.2015 во 00:46:02

Почитувани, Живеам на први спрат во зграда од приземје плус три спрата. Имам проблем со мојата сосетка од трети спрат. Во летниот период таа ја мие терасата и сета вода преку одводната цевка паѓа на покривот на доградбата што во висина на мојата тераса ја направи мојот сосед на приземје со цел да се заштити од водата на сосетката. Бидејќи водата паѓа од голема висина таа прска и на мојата тераса и е многу непријатно посебно додека се седи на терасата. Би сакал дали таа има право да го прави тоа (никој во соседството тоа не го прави, иако сите имаат таква можност) и дали постои некој начин, закон, одредба со која би се заштитил од самоволието на мојата сосетка? Со почит, драги Ѓоргиев

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

26.05.2015 во 10:27:47

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека зградата е во сопственост на сите станари на Заедницата на сопственици и затоа проблемот ќе морате да го решите на тоа ниво, (член 12 од Правилникот за домување). Доколку имате дополнителни прашања можете да се обратите до нашиот инспектор за домување и да го контактирате на 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by