04 Мај 2024 - 01:07:19

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

25.05.2015 во 23:09:41

Почитувани, Јас како и моите соседи од мојата и соседните згради на Бојмија , искрено многу сме задоволни од грижата и урбаното живеење во нашата општина. Имаме разбирање за ангажманите и многуте активности кои ги изведувате. Ве молиме тревниците околу фонтаната помеѓу зградите да бидат искосени. Ние пред нашата зграда тоа веќе го направивме викендов. Но не сме во можност самите тоа да го сториме и позади во паркот околу фонтаната. Навистина неможеме да се пожалиме за претходните години, затоа што навремено и редовно беа искосени. Во моментов тревата е доста голема, сигурни сме дека тоа ќе биде сторено во најсоодветниот момент. Со почит, жителите од Бојмија на Општина Аеродром

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

26.05.2015 во 10:03:04

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека тревата се коси по однапред определен редослед и наскоро ќе биде искосен и овој дел од општината. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by