05 Мај 2024 - 12:33:24

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.05.2015 во 12:48:02

Почитувани. Сакам да прашам во врска со првоодделеците кои ја посетуваат целодневната настава како ќе се организира за преку летниот распуст? бидејки ние како родители работиме и двајцата и немаме каде да го оставиме нашето дете, а во градинките во општина аеродром добиваме информација дека не згрижуваат деца од школо 1 одд. исто така не информираат дека таа одлука ја донесува општината Аеродром. Се работи за повеќе дечиња од 1 одделение од оваа школска година кои немаат усвови кој да ги згижи.Би ве замолил за одговор кој ке биде одговорен за згрижување на овие деца за кои ние како родители немаме друга алтернатива освен да посетуваат градинка или целодневен престој. Поздрав.

Статус: Одговорено
Тип на барање: образование

 
Одговор

26.05.2015 во 15:45:51

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за образование, спорт и култура. Од таму Ве известуваат дека за жал, во градинките во Општина Аеродром нема ниту просторни, ниту човечки ресурси за згрижување на деца кои се запишани во училиште. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by