05 Мај 2024 - 17:38:10

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

30.05.2015 во 21:36:03

Почитувани, претходните години редовно се уредуваше зеленилото околу Воениот хотел. Оваа година, сеуште нема поминато никој да ја искоси тревата и истата е веќе метар висока. Свесни сме за последиците од истото, па се надеваме дека се додека е рано и не настанале одредни проблеми ќе пратите лица да извршат средување на ова малку зеленило кое остана после изградбата на зградите и пристапните улици до нив. Во овој дел има многу деца, на кои им е потребно истото за нивните секојдневни игри.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

01.06.2015 во 11:14:54

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека тревата се коси по однапред определен редослед и наскоро ќе биде искосен и овој дел од општината. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by