09 Мај 2024 - 03:31:57

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

03.06.2015 во 13:58:34

1. Кога да очекувам одговор од одделението за инспекциски работи!? На 11.05.2015 пратив барање за заштита од бучава (види подолу во прилог), и добив одговор на 12.05.2015 од администаторот (види подолу) дека моето барање е проследено до надлежните и дека треба да очекувам одоговор. Од причини што досега никој не ме контактираше, го поставувам ода прашање. 2. Моето барање е со статус “ОДГОВОРЕНО“ а би требало да има статус “БАРАЊЕТО Е ПРОСЛЕДЕНО ДО НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ“ Мислам дека Амдинистраторот би требало да води сметка за правилен статус на барњата на грѓаните, и во случај да е барањето проследено до надлежните, да Администраторот се интересира кај надлежните до каде е случајот и кога ќе добие одговор од надлежните, истото го објави и со тоа “затвори“ предметот односно барањето биде “РЕШЕНО“ или “ОДГОВОРЕНО“. ПРИЛОГ - претходна комуникација од Архивата Преглед на барање Барање 11.05.2015 во 16:24:58 Барање за заштита од бучава. Ве молам да надлежните инспекциски служби излезат на терен, го испитаат случајот и превземат законски мерки за заштита од бучавата од звоното на црквата Св.Илија во општина Аеродром (кај полоклиниката Ј.Сандански). Секој ден во 07:00 и 17:00 часот звоното произведува бучавост која ја надминува дозволената граница. Друг аспект на проблемот е што бучавоста од звоното е со времетрање од 1 минута и повеќе. Кога би се намалила силината и/или намалило времетраењето (на пр. на 10 секунди) на бучавоста од звоното, не би бил прекинуван мојот потребен сон и/или одмор како и на многумина граѓани и деца кои живеат во близина на црквата. .... Благодарам. Статус: Одговорено Тип на барање: останато Одговор 12.05.2015 во 10:08:58 Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи.Дополнителни информации очекувајте од нивна страна. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

04.06.2015 во 10:42:50

Почитувани, На барањата од ГСЦ потребно е да се одговори во рок од 24 часа, а повеќето проблеми на граѓаните не можат да се решат за толку кратко време ... Затоа постојат службите во Општина Аеродром кои треба соодветно да реагираат.. Бидејќи Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи веќе неколку пати Ве замолуваме да дојдете во просториите на Општина Аеродром, и тоа секој понеделник и вторник од 15 и 30 до 16 и 30 часот, како и секој четврток и петок од 08 и 30 до 09 и 30 часот, како би можеле да добиете соодветна информација. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by