09 Мај 2024 - 03:22:52

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.06.2015 во 17:35:27

БАРАЊЕ ДО КОМУНАЛНАТА СЛУЖБА Под скалите на нашиот влез (БУЛЕВАР КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ - ПИТУ 0015 /3-Т.Ц. Скопјанка,) вецињата од ТЦ. не работат па вработените во дуќаните од трговскиот центар и други намерници вршат нужда пред вратите на заклучените вециња кои треба да ги одржува службата на ТЦ кој е во владеење на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Од таму се шири неподнослива смрдеа и е потенцијална закана за шитење на зараза во летниот период. Бараме комуналната служба на општината да преземе чекори со кои ќе се спречи оваа несекојдневна појава. ГРУПА ГРАЃАНИ

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

05.06.2015 во 11:35:19

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе стапат во контакт со Јавното пртпријатие (бидејќи трговскиот е во нивно владение), по што ќе бидат преземени сите неопходни заштитни мерки кои се во нивна надлежност. Исто така и Вие како Заедница на сопственици можете да се обратите до Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор со барање за решение на погоре посочениот проблем. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by