08 Мај 2024 - 23:30:26

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.06.2015 во 21:54:06

Почитувани, Ве молам за преземање мерка во врска со угостителскиот објект Деспина на улица Анастас Митрев (ново име -Кажи ми Кажи). И покрај фактот што се наоѓа во центар на станбено окружување каде е изградена и нова зграда сепак сите активности им се одвиваат во надворешниот дел со што се создава крајно непријатна бучава, често пати во доцните часови. Дотолку повеќе што на само 30 метри од тој угостителски објект е и ноќниот бар Мистик кој дополнително го нарушува мирот на граѓаните во тој дел од Мичурин. И двата објекти носат со себе гласни гости кои се под дејство на алкохол а многу често автомобилите се изгребани и оштетени. Ве молиме за помош бидејќи два вакви објекти во средината на Мичурин се навистина премногу за едно современо и урбано живеење. Благодарам на разбирањето.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

05.06.2015 во 11:37:54

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Исто така потребно е да се обратите до најблиската полициска станица, како би пријавиле нарушување на јавниот ред и мир. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by