05.06.2015 во 09:15:09
Пошитувани, Во Рц Аеродром се создаде нова населба, со уредувањето на партерот на зградите од Јавното претпријатие стана уште поубаво.,меќутоа сакам да Ве замолам да обратите внимание на Вашите обврски околу зградите , уредување на зеленилото и поставување на садници односно дрвореди,. Гледам дека не се уредува околу зградите. Исто така изведувачот на тротоарите на ул 1612 и 1613 не ги има затворено сите дупки и процепи па останува како да е недовршена работата.Ве молам да од Ваша страна се напраиви увид на лице место од стручните служби и да помогнете да стане РЦ Аеродром урбана млада населба со многу зеленило, бидејќи младата популација е доминантна. Да се интензивира процесот на поставување на улични канти. Иако зградите не се комплетно вселени почетоците за уредување неможе да отпочнат бидејќи не се утврдени уште сите куќни совети. Ве молиме за разбирање и апелирам да направите напори да го хортикултурно уредите просторот. Поздрав
Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици